(ВИДЕО) Смеење до солзи: На Босанец камионџија тешко му одат странските јазици

Видео од двајца камионџии од Босна и Херцеговина ќе предизвика да се смеете до солзи.

Имено, еден Босанец започнува конверзација со друг камионџија на француски јазик. Возачот на жолтиот камион на колегата му дава до знаење дека е Босанец и од „петни жили“ се обидува да му одговори на прашањата на колегата, но очигледно „не му одат“ јазиците. 

Камионџијата кој го снима видеото е исто така Босанец, ама сепак продолжува конверзација на француски. По неколку минути „мачење“ и неуспешен разговор, му дава до знаење на колегата дека се од иста земја, БиХ.

Видеото масовно се прошири на социјалната мрежа ТикТок само за неколку часа.  

@fantastyc1 Kamiondzije #kamiondzije #vozaci #Bosna #balkan #fürdich Originalton - Fantastyc1

30.03.2023 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега