ВИДЕО: Се урна зграда во Марсеј по силна експлозија, најмалку пет лица загинаа
Причина за несреќата во центарот на Марсеј во Франција, која се случила околу еден часот по полноќ и која досега однесе пет животи, според шефот на марсејската полиција Кристоф Мирман, е силна експлозија која предизвикала огромен пожар. Пожарникарите неколку часа неуспешно се обидуваат да го изгаснат пожарот, па затоа се стравува дека бројот на загинати би можел да биде поголем.
„Треба да се подготвиме дека може да има уште жртви во оваа страшна драма“, рече градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан.
Повредени се пет лица од соседната зграда. Затворена целата област околу зградата и повеќе улици. Во спасувањето учествуваат над 100 пожарникари, полицајци и граѓани спасувачи.
„Имаме стотина луѓе на терен, приоритет е да се изгасне пожарот и да се отстранат рушевините, за да можеме да започнеме со извлекување на затрупаните лица“, рече претставник на пожарникарите.
Станарите од соседната зграда се евакуирани и сместени во училиште во близина на местото на несреќата.
#Marseille | Les recherches dans les décombres ont été immédiatement déclenchées pour extraire d’éventuelles victimes & procéder aux « levées de doute » avec des équipes Unité de sauvetage et de recherche USAR (urban search ans rescue). Des actions d’extinction sont aussi menées. pic.twitter.com/0YdBOEhuPw
— Pompiers de France (@PompiersFR) April 9, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа