Пронајден е возачот кој вчера го загрози сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка, изречена му е прекршочна санкција и наложено му е да го исчисти патот, соопшти МВР.

„Во врска со објавата на социјалните мрежи, каде се гледа како возач на камион со несоодветно однесување го загрозува движењето на учесниците во сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, од страна на полициски службеници од СВР Куманово преземени се мерки по што е пронајден возачот С.С. од Куманово.

На С.С. му е издаден прекршочен платен налог и му е наложено да го исчисти коловозот во присуство на полициски службеници“, стои во соопштението од МВР.

Exit mobile version