(ВИДЕО) Последни зборови на гувернерката: Се јавила на претседателот веднаш по уривањето на клубот

 


Гувернерката на Монтекристо, Нелси Круз, му се јавила на претседателот на Доминиканската Република, Луис Абинадер неколку секунди откако се урнал покривот на познатиот ноќен клуб „Џет сет“.

„Претседателе, покривот падна, ни треба помош“, му рекла Круз неколку минути откако паднал покривот на ноќниот клуб во кој имало повеќе од 500 луѓе.

 

Неколку минути подоцна, претседателот Абинадер добил информација дека се урнал покривот на ноќниот клуб и дека најмалку 13 лица загинале, меѓу кои и Нелси Круз.

Претседателот веднаш се упати кон местото на трагедијата, каде веќе почнаа да се собираат луѓе и да ги бараат своите најблиски.

Абинадер, со црвени очи од солзи, го напушти шаторот лоциран на локалниот плоштад и се упати кон ноќниот клуб.

Таму е и министерот Едуардо Естрељ кој чека вести за својот син кој со сопругата и децата го прославувал роденденот во клубот.

Кога ги виде урнатините, претседателот почна да плаче и да ги гушка луѓето кои чекаa информации за своите најблиски.

„Длабоко жалиме за трагедијата во ноќниот клуб „Џет Сет“. Сите хуманитарни организации се приклучија на акцијата и нудат помош и работат заедно со спасувачите. Нашите молитви се со семејствата на жртвите“, им порача претседателот Абинадер на насобраните.

Со него беше и неговата сопруга Раке, која исто така им помагаше на семејствата.

Неколку часа подоцна, претседателот Абинадер издаде наредба со која прогласи тридневна жалост поради трагедијата во ноќниот клуб.

Тој нареди и до следниот четврток знамињата на сите згради на јавните институции во земјата да бидат на половина копје.

Светските медиуми потсетуваат дека најмалку 98 луѓе загинаа, а повеќе од 160 се повредени при пад на покривот на познатиот клуб во Санто Доминго, Доминиканска Република за време на настапот на познатиот пејач Рубио Перез.

Пејачот се уште е под урнатините, според написите.

Стотици луѓе беа на концертот, а околу 400 спасувачи сè уште трагаат по преживеани. Се стравува дека бројот на загинати ќе се зголеми.

09.04.2025 - 12:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега