(ВИДЕО) Пендаровски: Русите кои беа протерани од Македонија се занимаваа со шпионажа

Сите протерани руски дипломати од Македонија излегувале надвор од статуст што им е даден при доаѓањето и тоа е докажано до последната буква, вели претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за Гласот на Америка на македонски (ВОА). Според Пендаровски тие биле со статус на дипломати, а се занимавала со шпионажа, како и дека нашите служби со партнерските служби од НАТО го докажале тоа.

„Односите меѓу нас и Руската Федерација се на најниско ниво во историјата од познати причини. Во изминатите две години ние протеравме, без последниве тројца, 18 руски дипломати, кои беа со статус на дипломати и се бавеа со шпионажа. Секој поединечен случај од тие 18 и овие три плус, нашите служби со помош од партнерските и пријателски служби од НАТО алијансата докажаа до последна буква дека тие излегуваат надвор од статусот кој им е даден при доаѓањето во Македонија. Значи тие не беа дипломати и заради тоа беа протерани“, изјави првиот човек на РСМ.

24.09.2023 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега