Турбуленција го погоди претседателскиот авион на Доналд Трамп „Ер Форс 1“ на пат од Азија, а ова се случи додека камерите беа вклучени.

„Морам да ви кажам, има силни ветрови во Азија. Ова е тежок лет. Можевме да чекаме еден час. Тешки услови за интервјуа“, рече тој со насмевка. „Ќе го погледнат Трамп и ќе речат, не изгледаше баш добро, малку се тресе!“

Потоа се слуша глас како вели: „Прилично си стабилен“.

Претседателот на САД е во Кина веќе неколку дена.

Трамп и Џинпинг разговараа повеќе од 90 минути на состанокот одржан денес во Бусан, Јужна Кореја, по што Трамп рече дека „средбата со Си беше неверојатна“ и дека беа донесени многу одлуки, објавија американските медиуми.

Лидерите на двете најголеми економии во светот, кои се вмешани во повеќемесечна трговска војна, се ракуваа и дадоа кратки изјави за новинарите, за време на кои Трамп рече дека има добри односи со Си.

Exit mobile version