Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Ја пронајдов мајка ми убиена“ – МВР со детали за убиството во Скопје
    • Убиство во Скопје
    • Манасиевски: Филипче, ти си следен
    • Кузеска: Падот на Вучиќ во Србија ќе доведе до разврска на криминалните соработки и во Македонија
    • Двајца млади Срби загинаа, а еден е тешко повреден во сообраќајка во САД: Прогласена тридневна жалост
    • Тажна вест: Почина млад водител на само 34 години
    • Нема да се избира само најевтината понуда: Нови правила за јавните набавки
    • Еболата стигна до Европа?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВИДЕО: Орце става асфалт на булеварот „Борис Трајковски“

    ВИДЕО: Орце става асфалт на булеварот „Борис Трајковски“

    07.10.2026 во 11:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во тек е асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски“  и до крајот на годината, скопјани ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар – информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. 

    – Се гледа крајот на 30-годишната сообраќајна голгота!  Започна асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски“! Генерации скопјани чекаа да се реши овој проблем. Повеќе од 100.000 граѓани секојдневно се соочуваа со гужви, нервози и изгубени часови во сообраќајот. Со години слушаа ветувања, а пред себе ја гледаа истата слика. Денес, таа слика ја менуваме со работа. Со асфалтирањето влегуваме во завршницата на оваа значајна сообраќајна делница.  По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски“ конечно го добива ликот што го заслужуваат скопјани – рече Ѓорѓиевски.

    Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека за нешто повеќе од три месеци се решени проблемите што со децении го кочеа овој проект.

    – Ја ослободивме трасата, изградивме нова атмосферска канализација и сега поставуваме асфалт. Зад секој од овие чекори стојат посветеност, одлуки и решителност да се заврши започнатото. Овој горлив проблем им беше познат на сите што претходно ја имаа одговорноста и можноста да го решат. Но, со децении изостануваше решителноста да се оди докрај. Граѓаните ја плаќаа цената на секое одложување, на секое оправдување и на секое неисполнето ветување. Презедовме обврска да ставиме крај на тоа чекање и денес, на терен, покажуваме дека зборот за нас има тежина. За мене, секој поставен метар асфалт е почит кон луѓето кои предолго чекаа. Кон работникот што брза на работа, кон родителот што го носи детето на училиште, кон секој човек што заслужува побезбедно и побрзо да стигне дома. Мојот народ заслужува дела и исполнети ветувања – нагласи Ѓорѓиевски

    Прочитај повеќе

    Сите училишта и градинки во Центар ќе добијат фотоволтаици

    27.10.2026 во 10:11

    Подгответе се за гужви – Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје

    27.10.2026 во 08:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.