(ВИДЕО) Новинарот на ТВ Алфа ја запроси девојката во аптека

Новинарот Матеја Петровски од ТВ Алфа штотуку ја запроси својата девојка.

Тоа го направи на спектакуларен начин - ја побара за жена својата девојка во аптека со повеќе камери.

Секако има причина за овој уникатен начин на запросување. Како што ни откри Матеја, тие баш во аптека се запознале, таму за првпат се виделе, па затоа решил ова прекрасно изненадување да го направи на истото место.

Моника и Матеја, Прес24 Ви посакува многу среќа и љубов во заедничкиот живот! 

Погледнете како изгледаше ова изненадување кое Матеја и го подготви на својата сакана.  

30.03.2023 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа