ВИДЕО: Натпреварот помеѓу Данска и Белгија накратко прекинат во чест на Ериксен

Натпреварот од второто коло на Европското првенство беше накратко прекинат во чест на Кристијан Ериксен.

Селекциите на Данска и Белгија се сретнааа во второто коло на Европското првенство, а натпреварот беше прекинат по десет минути игра.

Потоа, играчите на двата тима, како и сите на стадионот, испратија громогласен аплауз до фудбалерот на Интер, кој падна на тревата во првото коло од натпреварот против Финска.

Тоа, секако, се случи по десет минути, како дел од бројот на Ериксен на дресот, ова беше воедно и најемотивната сцена од Европското првенство, анализираат медиумите.

17.06.2021 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега