(ВИДЕО) Муцунски: Инфраструктурните проекти што ги реализираме во Аеродром се инвестиции од кои бенефит ќе имаат и идните генерации
Реконструирана е улицата „Мите Богоевски“ во населба Лисиче, општина Аеродром.
Оттаму велат, реазилиран е проект кој го олеснува движењето и ја подигнува безбедноста на сообраќајот во Аеродром.
-Со реализација на овој проект аеродромци добиваат уште една целосно реконструирана улица, а граѓаните на населба Лисиче сообраќајница која ќе ја подобри поврзаноста на населбата. Реконструкцијата на „Мите Богоевски“ опфаќа поставување на нов асфалт и целосна обнова на тротоарите во должина од 1245 метри, како и поставување хоризонтална и вертикална сигнализација. Станува збор за проект кој го реализира Општина Аеродром, со средства од Светска Банка, добиени преку Министерството за транспорт и врски, велат од општина Аеродром.
Градоначалникот Тимчо Муцунски на социјалната мрежа Фејсбук објави видео во кое потенцира дека посебно се радува за инфраструктурните инвестиции и на нивната реализација вработените во Општина Аеродром секогаш пристапуваат со многу енергија затоа што тоа се инвестиции кои значат многу за граѓаните, но и проекти од кои бенефит ќе имаат и идните генерации.
-Новите инфраструктурни проекти ги решаваат најважните проблеми и предизвици на граѓаните. Новите улици и паркови, како и завршување на низа важни проекти на повеќе локации во општината говорат за посветена и одговорна работа и успешно завршениот инфраструктурен циклус, се вели во дописот од општина Аеродром.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа