ВИДЕО: Мега-затворот во Салвадор ги прими првите 2000 затвореници: Убијци, дилери, крадци

 

 

Во голема операција на салвадорските затворски власти беа преместени две илјади затвореници. Убијци, дилери, крадци, со избричени глави и боси нозе тргнаа со автобуси до целта.

Целата рута по која патувале била постојано следена од воздух со полициски хеликоптер.

Последна станица – Теколука. Огромен новоизграден затворски комплекс од највисоко ниво на безбедност, наменет за 40 илјади затвореници. Претседателот Најиб Букеле го посети минатиот месец.

„ Порано, бандите имаа проститутки, телевизори, конзоли за игри, дрога, мобилни телефони, компјутери, а чуварите и војниците спиеја на подот“, рече тој.

Затворот е составен од осум армирано-бетонски згради. Секоја има 32 ќелии од околу сто квадратни метри. Во секоја има по 80 метални кревети за околу стотина затвореници. Ќе ги напуштат ќелиите само во случај на судски рочишта и тоа преку видео конференција или ако бидат казнети со самица. Секое движење ќе го следат десетици камери, 600 вооружени војници и 250 полицајци. Околу комплексот е изграден ѕид од два километри и висок 11 метри со седум караули.

„ Овде ќе гарантираме дека сите оние луѓе кои со децении предизвикуваат зло и убиваат семејства од Салвадор ќе бидат на место од кое нема да можат да заминат“, рече Ромео Родригез, министер за јавни работи.

Затворот е изграден за само седум месеци, откако бројот на затвореници во земјата драстично се зголеми. Тоа беше последица на големата војна против бандите, која претседателот Букела ја водеше на крајот на март. Воведена е вонредна состојба, а уапсени се повеќе од 64 илјади осомничени.

Здруженијата за човекови права предупредуваат дека меѓу уапсените има и невини граѓани, но жителите на Салвадор не се противат на акцијата. Во земја каде што речиси два отсто од населението е во затвор, војната на претседателот против криминалот ја поддржуваат дури 92 отсто од населението.

26.02.2023 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега