Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО: Мечка уништува автомобил додека си го брани мечето
    • Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време
    • Танкер погоден со подводен дрон кај Сочи, гори многу нафта во Црното Море
    • Божиновска во Виена: Македонските енергетски приоритети пред европските партнери
    • Трагедија: Младо момче од Македонија загина во бизарна несреќа во Италија
    • МОН со стипендии за средношколци: Објавени конкурси во девет категории
    • ЕУ предлага помалку вета во текот на преговорите – можно олеснување и за Македонија
    • Прилепскиот обвинтиел се сомничи дека земал мито за да му го врати пасошот на битолскиот газда
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВИДЕО: Мечка уништува автомобил додека си го брани мечето

    ВИДЕО: Мечка уништува автомобил додека си го брани мечето

    07.10.2026 во 10:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Две службенички во Државна лотарија се осомничени дека проневериле речиси 1,3 милиони евра, а при претресите поврзани со истрагата биле пронајдени злато, скапи часовници и брендирани чанти од „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“.

    Управата за финансиска полиција вчера поднесе кривична пријава против А.Н., директорка на Секторот за финансии и сметководство, и Д.Д., шефица на финансиски работи, поради сомнение за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги.

    Според пријавата, во текот на 2024 година тие не го уплатиле целиот дневен промет од сопствените продажни места на Државна лотарија, во износ од над 46 милиони денари, а дополнително од банкарските сметки на друштвото биле подигнати уште речиси 34 милиони денари.

    Вкупно, според Финансиската полиција, станува збор за 79.989.444 денари, односно околу 1,3 милиони евра, за кои постои сомнение дека биле противправно присвоени.

    Надлежните се сомневаат дека недостигот на парите бил прикриван преку префрлање средства меѓу различни сметки, фиктивни налози, невистинити финансиски документи и касовни исплати.

    Во рамки на истрагата биле извршени претреси на пет локации – четири во Скопје и една во Валандово.

    При претресите, покрај сметководствена документација, телефони, лаптопи и друга електронска опрема, биле одземени и парични средства, злато, златен накит, накит „Сваровски“, скапи часовници и чанти од познати светски брендови.

    Во соседен двор кај една од претресуваните локации била пронајдена и фрлена документација за која истражителите сметаат дека е важна за постапката.

    За двете осомничени обвинителството побарало притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за уништување докази или повторување на делото.

    Прочитај повеќе

    Танкер погоден со подводен дрон кај Сочи, гори многу нафта во Црното Море

    07.10.2026 во 10:47

    ФОТО: Почина познатиот светски актер – Го нашле мртов во домот, лекарите го реанимирале но му немало спас

    07.10.2026 во 08:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.