Повторно реакции од жители на Капиштец поради употребата на пиротехнички средства во населбата. Според објава на Фејсбук-страницата „За пристоен Капиштец“, синоќа бил предизвикан пожар во паркот „Капиштец“, по активирање на петарди.
Жителите тврдат дека пиротехнички средства во населбата се користат речиси секојдневно, најчесто од малолетници и помлади лица. Тие наведуваат дека поради ваквите случаи повеќепати досега се обратиле до полицијата.
Од објавата апелираат за поголема внимателност и преземање мерки со цел да се спречат нови инциденти во населбата.


