Двајца 20-годишници се лишени од слобода во Тетово поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, соопшти МВР.
На 24 септември, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово ги привеле С.И. од село Лисец и Р.Џ. од Тетово.
По судска наредба бил извршен претрес во домот и помошните простории на Р.Џ., при што биле пронајдени и одземени три поголеми пакувања и една најлонска кеса со марихуана.
Двајцата биле задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.


