Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Кузеска до Мицкоски: Ќе носиш ли мигранти дома – се договори ли со Британија?

    (ВИДЕО) Кузеска до Мицкоски: Ќе носиш ли мигранти дома – се договори ли со Британија?

    23.10.2025 во 13:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција побара од Владата предводена од Христијан Мицкоски да одговори дали во текот на неодамнешната посета на Велика Британија биле водени разговори за прифаќање мигранти и отворање мигрантски кампови во Македонија.

    Според Кузеска, македонската владина делегација која неколку дена престојувала во Британија избегнува да даде јасни информации за содржината на средбите, иако, како што вели, „реномирани британски медиуми објавија дека токму прашањето за мигрантите било во фокусот на разговорите со британските претставници“.

    „Ова е јасен знак дека повторно на оваа тема нешто се крие. Мицкоски одбил да разговара за ова прашање со медиумот Тајмс и за македонската телевизија дал само штур одговор,“ изјави Кузеска.

    Таа посочи дека според информации од Лондон, Велика Британија нуди стратешки инвестиции за земјите од регионот, но дека тие доаѓаат во пакет со разговори за отворање кампови за мигранти.

    „Бидејќи владата веќе најави кредит од 7 милијарди евра од Британија, Мицкоски мора јавно да каже што точно е договорено и дали постои дополнителен договор поврзан со мигрантите,“ рече Кузеска, прашувајќи:

    • Што точно се разговарало на темата мигранти и кампови за мигранти?
    • Дали со договорот за заем постои и друг договор што јавноста не го знае?
    • Зошто Мицкоски одбил интервју за Тајмс ако, како што тврди, нема што да крие?

    СДСМ побара Владата веднаш да ја информира јавноста и да соопшти дали Македонија се обврзала на какви било услови поврзани со прифаќање мигранти.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.