Close Menu
Press24
    Најново

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Јаневска: Законот за високо образование не ја уништува автономијата на факултетите – прифативме дел од забелешките

    (ВИДЕО) Јаневска: Законот за високо образование не ја уништува автономијата на факултетите – прифативме дел од забелешките

    17.04.2026 во 21:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва изјави дека е задоволна од законското решение за високо образование, кое, како што потенцира, не ја нарушува автономијата на универзитетите. Јаневска посочи на последните измени што се направени во однос на барањата на академската заедница за новиот закон за високо образование. 

    – Во однос на автономијата не се согласуваме дека овој закон ја нарушува автономијата, рече Јаневска во интервју на Тема на денот на ТВ Сител, потсетувајќи на настанот во Владата на кој присуствуваа и ректорите на државните универзитети во земјава кои немале забелешка за автономијата.

    Сепак, кажа министерката, работната група направила отстапка така што во Универзитетскиот совет ќе има двајца претставници од Владата, наместо тројца како што претходно било предвидено, а уште еден член од стопанските комори.

    Јаневска изјави дека се прифатени забелешките дека не може да има исти критериуми за избор во звања за општествените и техничките науки. Министерката рече дека ќе биде направена и една измена во однос на јазиците и ќе се додаде уште една база, но само за нив. 

    – Во однос на критериумите, намаливме по еден труд, аналогно на изборот доцент вонреден- редовен, и реизбор. Дозволивме СКОПУС, уште една друга база е во игра после денешниот ден. Ги проверивме критериумите кои треба да ги исполнат за следниот избор, каде што велиме ги ослободуваме од критериумите, при првиот нареден избор, а тоа се трудовите со импакт фактор и ХА-индексот. Дополнително за уметничките универзитети направивме посериозни отстапки. Се обидовме со деканите на трите универзитети да најдеме заедничко решение и на наше најголемо задоволство, најдовме заедничко решение за да не останат без кадар за студентите, додаде Јаневска.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.