(ВИДЕО) И полицајците сакаат повисоки плати - основната им е 16.300 денари

 

Од Синдикатот на полицијата во Македонија си побараа 15 процентно зголемување на платите на полицајците. Повеќе пари на сметките сакаат да добијат уште месецов.

Тврдат дека основната плата на полициски службеник е 16.332 денари.

„Зголемувањето на платите од 15 %, почнувајќи од месец јануари 2024, да биде од буџетот на МВР за што сметаме дек МВР е способно да ги покачи платите од својот буџет, односно пари за повисоки плати во овој момент има“, Орце Коцевски, претседател на Синдикат на полицијата во Македонија.

Синдикатот на полицијата во Македонија  денеска го обвини и Македонскиот полициски синдикат за манипулирање на вработените во полицијата, откако нивни претставник поднесе барање до Собранието за зголемување на платите за 20%, иако тоа право му припаѓа само на Спасовски.

Од МВР пак, без јасен одговор за тоа дали ќе се исполнат барањата на синдикалците. Оттаму за Сител велат дека постојано преземале мерки во оваа насока.

„За седум години на вработените во МВР им се зголемија платите за 35%, преку петте покачувања на платата за сите, но и 4 дополнителни покачувања за одредени категории работни места, како и шест редовно исплатени бонус плати, со една единствена цел - создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните“, се наведува во одговорот на МВР.

Од Синдикатот на полицијата не се согласуваат со овој став.

„Верувам дека полицаец од пред неколку години живееше поубаво, за разлика отсега, како што кажуваат они дека биле покачена 35% плата“, изјави Орце Коцевски, претседател на Синдикат на полицијата во Македонија.

Ако не се исполнат барањата на синдикалците, не е исклучена можноста за протест.

09.01.2024 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега