ВИДЕО: Хрватска погодена од силна бура - силниот ветер корнеше дрвја и оштети домови, автомобили и други објекти

Силна бура денеска го погоди подрачјето на Сисачко-мославачка жупанија, ветерот предизвика материјална штета во Сисак, Петриња, Глина, Кутина и Хрватска Костојница.

Силниот ветер корнеше дрвја и оштети домови, автомобили и други објекти, а сообраќајот се одвива отежнато.
 

Невремето предизвика и прекин во снабдувањето со електрична енергија во неколку населени места.

Според метеоролозите следната недела Хрватска ја очекува променливо облачно и несатбилно време.

01.08.2021 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа