(ВИДЕО) Хорор во Велес: Маж загина во пожар во сопствената куќа

Голема трагедија се случила синоќа во Велес, околу 3.45 часот, откако во пожар загина велешанец во сопствената куќа.

Согласно првичните информации, на улица „Коле Цветков“, во велешката населба Црна Џамија, во пожар загинал сопственикот на куќата, 58-годишен велешанец. 

Според досега се уште непотврдени информации, прв на помош стигнал неговиот брат, кој едвај извлекол „жива глава“. По избувнувањето на пожарот од силниот чад братот на починатиот се загушил, но лекарите од Итната помош брзо му пружиле соодветна медицинска помош, по што го спасиле. 

Откако пожарникарите стигнале, почнале да гаснат, а на помош дотрчале и соседите од околните куќи. Со брза акција пожарот бил изгаснат и за среќа не се проширил и на околните куќи, пренесе порталот „batali.net“.

Во моментов јавен обвинител и лица од крим техника вршат увид за да се утврдат причините за настанување на пожарот. Повеќе детали очекуваме во текот на денот.

16.03.2023 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега