Вистинска среќа е што нема повредени во драматичниот инцидент кој се случи на улицата „Љубен Иванов“ во Штип. Голем потпорен ѕид ненадејно попушти и се сруши врз паркирани возила, предизвикувајќи огромна материјална штета, објави „М-нет“.

На фотографиите и видеата објавени од местото на настанот се гледа застрашувачка глетка: големи бетонски блокови, огромно количество земја и камења буквално згмечиле најмалку два автомобила. Најлошо поминало патничко возило марка „Шкода“ со бела боја, кое е речиси целосно покриено од срушената конструкција, додека врз друго црно возило паднала тешка метална ограда.

Exit mobile version