Вчера во 13:40 часот на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода K.К.(30) од Турција.
Тој се сомничи дека измамил друг турски државјанин за сума од 6.650 евра. Според пријавеното, во октомври 2025 година преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето и му ветил дека ќе му посредува за добивање документи за работа и престој во државата, по што во неколку наврати преку трансакциска сметка му биле исплатени паричните средства.
Откако К.К. престанал да му се јавува, оштетениот пријавил во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Актуелно
- Семејна драма во Гостивар: Татко со нож се обидел да го нападне синот
- Ужас во Делчево: Со денови ја тепал и малтретирал сопругата, полицијата поднесе кривична пријава
- Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе биде жива културна сцена на градот
- АХВ со итно предупредување: Се повлекува небезбедна бебешка храна „Аптамил“ од Македонија
- Валандово: Референтка од катастар и струмичанец фалсификувале имотни листови
- По 19 години уапсен Македонецот кој изврши тројно убиство
- Измама во Скопје: Турчин му зел 6.650 евра на сонародник за лажни документи, па „исчезнал“
- Приведен 77-годишен старец – допирал скопјанка по телото

