Западниот дел на италијанските Алпи неделава е под опсада на екстремно невреме, а во одредени предели висината на снежната покривка достигна неверојатни три метри. Најкритично е во Прато Невосо, на надморска височина над 1.600 метри, каде снежните наноси ги надминаа сите очекувања.

Обилните врнежи предизвикаа сериозни проблеми во сообраќајот и безбедноста. Поради висок ризик од појава на лавини, тунелот Тенда, кој ја поврзува Италија со Франција, е целосно затворен за движење во двата правци.

Покрај снегот на планините, пониските предели во областа Кунео беа погодени од силен дожд и снег кои дополнително ја отежнаа комуникацијата меѓу населените места.

Exit mobile version