(Видео) Голем пожар во станбена зграда во Белград, станарите евакуирани

На социјалните мрежи кружат страшни снимки од пожар во Бeлград.

Како што може да се види на видеата кои ги објави „serbialive_beograd“, голем пожар го зафати станот на последниот кат.

Засега нема информации дали има повредени.

Пожарот избувнал во стан на шести кат, а во гаснењето се вклучени шест противпожарни возила.

Итната помош и полицијата се на терен.

Повеќето од жителите на зградата каде што избувна пожарот се евакуирани. Засега нема информации дали има повредени.

Сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато.

14.01.2024 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа