ВИДЕО: Ѓоковиќ повторно погоди судија во глава со тениско топче

Дежа Ву од Њујорк за Новак Ѓоковиќ, попладнево Србинот погоди судија во глава и на Ролан Гарос, рекетот број 1 сега не доби санкција бидејќи беше во жарот на играта и обид да врати една топка.

Новак Ѓоковиќ очигледно нема среќа, на мечот против Карен Хачанов во четвртото коло на Ролан Гарос, Србинот погоди судија во глава.

За разлика од Њујорк кога беше дисквалификуван, тој сега не доби санкција бидејќи беше во жарот на играта и обид да врати една топка. Рекетот број 1 веднаш му се извини на судијата.

Што се однесува до пресметката со Русинот, Новак Ѓоковиќ доминираше на теренот и славеше лесно со 3-0 во сетови (6-4, 6-3, 6-3).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.10.2020 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега