(ВИДЕО) Фудбалерот го извадија од игра, па почна да крши столче

Барселона синоќа одигра 2-2 против Манчестер јунајтед во меч од Лига Европа, а во центарот на вниманието беше Рафиња кој не ја прифати лесно одлуката на Чави да биде заменет.

Рафиња одигра одличен меч, постигна гол за 2-2 во 76. минута, а неколку минути подоцна Чави реши да го извади.

Навивачите беа изненадени од оваа одлука, дел од нив свиркаа, а Рафиња збесна откако седна на клупата, па почна да крши столче.

По натпреварот Рафиња јавно му се извини на Чави, на Феран Торес кој влезе место него во игра, се извини на сите соиграчи и навивачите. Рече дека го понеле емоциите и не можел да се контролира.

17.02.2023 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега