ВИДЕО: Дупките после земјотресот во Хрватска секојдневно се шират - најголемата е широка 25 метри, а длабока 13

После разорниот земјотрес кој кон крајот на минатата година ја погоди Банија, во селото Меченчани покрај Петриња, се создадоа големи дуки во тлото кои се шират, а секој ден се се пошироки.

Мештаните се во страв, затоа што најголемата е широка 25, а длабока 13 метри.

„Целото село има проблем. Скоро нема куќа која нема своја дупка“, рекла за хрватски РТЛ, мештанката Мирјана Дубровац.

Покажувајќи ја своката дупка, која се отворила веднаш после потресот, Мирјана вели дека таа секој ден е се поширока.

Полицијата ги заградила дупките и тоа е засега единствено што може да се направи/

Мештаните сметаат дека причината за настанувањето на дупките може да бидат подземните води.

Веат дека чекаат доаѓање на експерти од Словенија и Италија.

Сепак, за дупките да бидат квалитетно санирани, треба прво да се истражат, а тоа ќе потрае некое време.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега