Вчера околу 16:00 часот во село Трново, кривопаланечко, кај место викано „Самоков“, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка ги лишија од слобода Г.Ѓ.(57), А.Ѓ.(30) и А.Ѓ.(22), сите од с.Жидилово, кривопаланечко.
Имено, тројцата агресивно се однесувале и попречувале полициски службеници при вршење службени дејствија кои давале асистенција на вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство. Исто така, тие ги попречувале вработените во АХВ кои биле ангажирани за собирање на крупен добиток, а упатувале и закани кон неколку соселани.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Актуелно
- Мицкоски: Планирам регионална иницијатива за енергетски инвестиции, тоа е иднината
- Ѓорѓиевски прошета крај Вардар со министерот Ристовски: Кејот од утре ќе добие нов лик
- Зеленски е подготвен за средба со Путин
- МНРиНТ: Бугарското МНР сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политичари, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог
- Мицкоски: 450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија, ЕУ треба да покаже вистински како седи зад своите партнери
- Мицкоски: СДСМ и ДУИ и врзаа јамка на државата и сега мудруваат, за следните 3 години треба да вратиме долгови од еден државен буџет од 6 милијарди евра
- Мицкоски: Протестот на Синдикатите има политичка позадина
- Мицкоски: Ако треба да падне Владата поради Сејф сити – подготвен сум на тоа

