Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Димова: Криминалните пипци на ВМРО ОКГ не ги поштедиле ниту детските градинки во Штип

    (ВИДЕО) Димова: Криминалните пипци на ВМРО ОКГ не ги поштедиле ниту детските градинки во Штип

    22.05.2026 во 16:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Советничката од редовите на СДСМ во општина Штип, Галаба Вереса Димова, преку прес-конференција обвини за сериозни нерегуларности и финансиски трошења во детската градинка „Астибо“.

    Од опозициската партија соопштија дека смената на актуелниот директор на градинката отвора сомнеж за начинот на кој се менаџираат јавните институции во градот.

    „Криминалните пипци на ВМРО ОКГ не ги поштедиле ниту детските градинки во Штип. Нетрпението и недовербата помеѓу вмровските функционери очигледно продолжува и кулуминира со смената на директорот на детската градинка Астибо.“

    Според тврдењата на СДСМ, во локалната самоуправа постои внатрешен сомнеж за трошењето на буџетските средства во неколку општински сектори.

    „Очигледно и самиот градоначалник се сомнева во работењето на кадрите од сопствените редови, особено кога станува збор за финансиски малверзации и сомнителни трошења на народните пари.“

    Димова потсети на низа претходни случаи кои беа актуелни во јавноста, нагласувајќи дека досега нема никаква разрешница или институционална одговорност.

    „Јавноста добро ги памети скандалите што ја потресоа општината:– кражбата на нафта тешка 18 милиони денари, сомнителните набавки на опрема и реквизити во градинката Астибо, како и бројните индиции за нерегуларности во работењето. Но, едно останува заедничко за сите овие случаи , никој досега не понесе одговорност.“

    Од партијата потенцираат дека и покрај одвоените милионски суми за помош од општинската каса, состојбата во детските установи останува нејасна.

    „Дека се аздисува со парите на граѓаните по институциите, доказ е и финансиската помош од речиси 10 милиони денари за детските градинки од парите на граѓаните.“

    На крајот, советничката упати јавно прашање до првиот човек на општина Штип за финансискиот биланс по поскапувањето на услугите за престој.

    „Јорданов е должен јавно да одговори за какви сомнежи на финансиски криминал се работи? Каква е финансиска состојба во градинките и покрај зголемените цени за престој во нив?“

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.