По веста за неговото ненадејно заминување, неговата последна јавна објава на социјалните мрежи добива уште поголема симболика за бројните обожаватели, сведочејќи за неговата беспрекорна енергија до самиот крај.
Последното видео објавено од Владо Јаневски на неговиот официјален профил го прикажува неговиот последен дует во Скопје.
Станува збор за кус видеозапис од неговото неодамнешно гостување на концертот на хрватската музичка ѕвезда Весна Писаровиќ во македонската Филхармонија.
Текстот кој стои до последното видео ја опишува токму таа емотивна вечер и историјата на нивното заедничко творештво:
„На скопскиот концерт на Весна Писаровиќ во Филхармонија како специјален гостин се појави Владо Јаневски во прекрасниот дует “Љубав је религија” која Владо ја напиша и ја сними со Весна пред точно 20 години за неговиот хрватски албум.“
Видеото од концертот, кое воедно останува и последен видеозапис споделен од кантавторот, сведочи за огромниот аплауз и емоциите со кои скопската публика го дочека на сцената.


