Блиски пријатели на починатиот музичар Владо Јаневски продолжуваат со емотивни објави да се збогуваат од него, откривајќи детали за неговите последни денови и долгогодишните приватни дружења.
Меѓу нив со потресен статус се огласи неговата блиска пријателка Фросина, која опиша како изгледала нивната последна средба.
„Мојата последна слика со тебе, негде во март тајно моја отровна. Мојот пријател на кој со саати на телефон му раскажував сè што ме мачи, сè што ме радува, оној кој се грижеше дали сум извежбала правилно во теретана, оти јас во Скопје, тој во Гевгелија, но заедно вежбавме за здрав живот. Проклет да е тој живот кај што ќе нема вќе да ми заѕвони телефонот и да ми речеш: до кај си со книгата што ти ја предложив? Каков е тој живот кај што нема да те прашам: што ти е сега, пак ли те зафати твоето “лудило” на непуштање луѓе во твојот живот? Па ќе ми раскажуваш со саати за сè што ти тежи на душата. И така од 2009 та навака. Те видов последно во болница пред една недела, но ќе те гледам секој ден во моите мисли, во душава, додека собира снага да те преживее“, пишува таа.
Во продолжение на статусот, таа се навраќа на лекциите што ги научила од него во текот на нивното 17-годишно пријателство.
„Ти си мојот евергрин, мојата религија, дел од мојата животна приказна посчедниве 17 години си ти. И ти секогаш си сега. Никогаш нема да си минато. Ти ми ги даде најдобрите животни лекции. Една од нив беше: живеј сега, бидејќи денес е денот кога сме најмлади од тоа што ќе бидеме некогаш. Прегрни ја вечноста како што мене ме прегрнуваше секпгаш кога ќе ни надојдеа облаци на душата и на двајцата. И знам, некогаш и негде, ќе те сретнам пак … И знам дека што и да е ќе помине, но ти нема да ми шоминеш никогаш…“, стои во емотивната објава.


