Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Везилка“ официјално стартува- Македонија добива Национална фабрика за вештачка интелигенција

    „Везилка“ официјално стартува- Македонија добива Национална фабрика за вештачка интелигенција

    24.06.2026 во 08:052 Mins Read
    Везилка, Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија денеска ќе направи значаен чекор во областа на вештачката интелигенција со официјалното лансирање на „Везилка“ – национална платформа што има за цел да го поттикне развојот и примената на современи AI-технологии во земјата.

    Проектот го предводи Факултетот за компјутерски науки и инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во партнерство со Министерството за дигитална трансформација. „Везилка“ е дел од европската иницијатива за суперкомпјутерски и високоперформансни пресметувачки системи EuroHPC, а финансиски е поддржана преку програмата „Хоризонт Европа“ на Европската Унија.

    Иницијативата е поврзана со грчкиот проект „Pharos“, со што Северна Македонија станува дел од пошироката европска мрежа за развој на доверливи и иновативни решенија базирани на вештачка интелигенција.

    Од организаторите посочуваат дека еден од главните приоритети на проектот е развојот на дигитални ресурси и бази на податоци на македонски јазик, со што ќе се обезбеди поголема застапеност на локалните јазични и културни специфики во новите технолошки решенија.

    Според нив, проектот ќе придонесе за побрза дигитализација на институциите, подобра употреба на податоците при носење одлуки, како и за отворање нови можности за научни истражувања, стартапи и технолошки компании. Дополнително, се очекува да ја зајакне соработката меѓу академската заедница, јавниот сектор, граѓанските организации и приватниот бизнис.

    На промотивниот настан се предвидени обраќања на премиерот Христијан Мицкоски, министерот Стефан Андоновски, амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас, ректорката Биљана Ангелова, деканот Петре Ламески и координаторот на проектот Димитар Трајанов.

    По официјалната презентација ќе се одржи панел-дискусија посветена на улогата на вештачката интелигенција во поттикнувањето на економскиот раст и развој.

    Featured Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.