Вежбовни активности на АРМ на Охридското Езеро

Припадници на Баталјонот за специјални сили на Армијата на РСМ денеска од 10:30 до 16:30 часот, на подрачјето околу плажата „Бафало бич“ во Охрид, ќе реализираат вежбовни активности со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.

Активностите се во рамки на финалната подготовка за утрешната тактичко-техничка показна вежба на Баталјонот за специјални сили на Армијата – препад на пловен објект и командно место, што ќе се реализира во 9 часот, на истата локација. Во вежбата ќе биде вклучен и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата, посочуваат од СВР Охрид.

Се упатува апел до граѓаните кои ќе сакаат да ја проследат вежбата од означените места, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан.

10.07.2024 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега