Вчера во 19:33 часот во СВР Скопје, А.М.(30) од Финска пријави дека околу 19:10 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, му било оштетено ветробранското стакло на неговото паркирано патничко возило „мерцедес“ со фински национални ознаки.
Тој пронашол едно зрно од огнено оружје во внатрешниот дел на возилото и едно зрно надвор од возилото.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Владата за уапсениот возач: Акцијата е по иницијатива на институциите, ова е бескомпромисна борба против корупцијата
- Скопјанец пријавил оштетување на куќата од залутан куршум во Драчево
- Залутан куршум оштети автомобил во двор во Арачиново
- Фински државјанин пронашол куршуми во возилото на Бит Пазар: Оштетено ветробранското стакло на „мерцедес“
- Сопругот завршил во полиција, сопругата во болница – семејна драма во Штип
- Синот и снаата ме претепаа – кумановка пријавила семејно насилство
- Ја претепал па ја силувал – приведен гостиварчанец
- Му дал пари за болен син и долг за вода – Скопјанец измамен за 720.000 денари


