Close Menu
Press24
    Најново

    Град Скопје со известување до граѓаните

    10.06.2026 во 10:09

    Сообраќајна несреќа во Македонија – Се судрија возила во Штип

    10.06.2026 во 10:08

    Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна

    10.06.2026 во 10:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Град Скопје со известување до граѓаните
    • Сообраќајна несреќа во Македонија – Се судрија возила во Штип
    • Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна
    • Апсење на Блаце – МВР со детали
    • За еден хороскопски знак, оваа недела би можела да биде идеална можност да ги реши финансиските проблеми
    • Паника кај туристите во Грција: Морето кај Солун одеднаш стана целосно зелено и почна да мириса, еве што се случува
    • СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието
    • Хаосот во Белфаст продолжува: Демонстрантите палеа куќи и автомобили
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Венера Азизи: Историски чекор против коцкањето, Владата со строги мерки за заштита на младите

    Венера Азизи: Историски чекор против коцкањето, Владата со строги мерки за заштита на младите

    12.05.2026 во 19:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp
    Владата на денешната седница го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри кој ќе биде испратен до собрание

    „Со ова започнуваме нова, посериозна и поодлучна фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите кои со години нанесуваат штета врз граѓаните, особено врз младите, децата и семејствата.

    Фокусот на овој закон е јасен заштита на децата, младите генерации и семејствата.

    За првпат се воведуваат строги ограничувања за рекламирањето на игрите на среќа. Се забранува рекламирање надвор од деловните простории доколку тоа има цел да ги поттикне граѓаните да учествуваат во игри на среќа. Се забрануваат пораки кои коцкањето го претставуваат како пат до финансиски успех, подобар живот или решение за лични и социјални проблеми.

    Дополнително, се забранува рекламирање преку познати личности и содржини насочени кон малолетници. Испраќаме јасна порака дека коцкањето не смее да се нормализира, ниту да се претставува како стил на живот пред младите“, изјави денеска портпаролката на Владата, Венера Азизи.


    Втората клучна точка е заштитата на образовниот процес и безбедноста на учениците.

    Со законот се предвидува сите објекти во кои се приредуваат игри на среќа во казина, автомат клубови и електронски игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта.


    Во обложувалниците кои се наоѓаат во радиус до 500 метри од училишта нема да биде дозволено поставување на електронски видео-лотариски терминали и друга опрема за електронски игри на среќа.

    Ова е институционална одлука да ги заштитиме децата од секојдневна изложеност на коцкање и зависности.

    Паралелно, институциите веќе преземаат конкретни мерки против нелегалното онлајн коцкање.

    Досега се затворени 358 нелегални странски онлајн платформи кои незаконски приредувале игри на среќа на територијата на државата. Станува збор за платформи кои функционирале без лиценца, без контрола и без никаква заштита за граѓаните.

    И покрај постојаните обиди на нелегалните приредувачи да отвораат нови канали и интернет страници, институциите ќе продолжат со засилени контроли и соодветни законски мерки.

    Оваа Влада уште од првиот ден започна системска борба против индустријата која со години се ширеше без контрола.

    Нашата цел е јасна воспоставување одговорен, транспарентен и контролиран систем, со јасни правила, правна сигурност и многу поголема заштита на граѓаните.

    Ова е борба за иднината на младите, за сигурноста на семејствата и за достоинството на општеството, додаде Азизи.

    Прочитај повеќе

    Град Скопје со известување до граѓаните

    10.06.2026 во 10:09

    Сообраќајна несреќа во Македонија – Се судрија возила во Штип

    10.06.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.