Велосипед од бамбус за Пендаровски од индонезискиот амбасадор (ФОТО)

Амбасадорот на Индонезија вчера му подари велосипед од бамбус на претседателот Стево Пендаровски.

-Ми беше задоволство лично да се сретнам со амбасадорот на Индонезија, Иван Богананта, кој поради пандемијата, акредитивите ги предаде по писмен пат. Етничката и културна разновидност, негувањето на толеранција и меѓурелигискиот дијалог, се вредности кои ги споделуваат двете земји и кои претставуваат основа за продлабочување на нашите меѓусебни контакти, напиша Пендаровски на Фејсбук.

20.10.2021 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега