На 15.10.2025 во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К. од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство. Увид на местото извршија претставници на Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид“, како и полициски екипи. По целосно расчистување на настанот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство“ по член 264 од Кривичниот законик.
Актуелно
- Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
- Нема продолжување на зимскиот распуст
- Белгија реши да не испраќа војници на Гренланд
- Русите не мируваат: Уништија голем енергетски објект во украински Харкив
- Паника во Барселона: Специјалци го опколија авионот – патниците итно евакуирани
- СДСМ: Мицкоски не им ги зголеми платите во одбраната – срамота
- ФОТО: Пазете се – лажни пораки за пратки од Пошта
- Ужас во Холандија: Експлозија во центар на Утрехт

