Белгиски војници засега нема да бидат испратени на Гренланд, соопшти денеска Министерството за одбрана на Белгија, по најавите за почеток на европска воена мисија на овој дански остров.

Од Министерството наведуваат дека досега не добиле официјално барање за учество во мисијата.

„Досега не сме добиле никакви барања за учество од НАТО, ЕУ или билатерално“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Белгија.

Во соопштението се додава дека, доколку такво барање сепак биде упатено, Министерството за одбрана заедно со белгиската влада ќе разгледа „што може да направи“ во однос на евентуално учество.

Exit mobile version