Две години нема зголемување на платите во Армијата, со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во одбраната. Во времето на СДСМ платите растеа во сите сектори, платите псотојано се зголемуваа 7 години а парите завршуваа кај граѓаните, велат од СДСМ преку писмено сооопштение испратено до медиумите.

Со ВМРО парите завршуваат во криминални тендери, Владата на Мицкоски нема пари за поголеми плати во Армијата, нема пари за поголема минимална плата, нема пари за поголеми плати.

Криминалот и корупција заедно со политиките на изолација на владата на Мицкоски директно се одразуваат на влошување на економијата, значат помалку пари, преполовени инвестиции, несигурност. 

Дупката во буџетот е огромна, недостасуваат од околу 2 милијарди евра.

Тоа носат политиките на изолација, на анти ЕУ кампања и против САД.  Затоа со ВМРО сме во група на земји со Сомалија.

Одбрана на земјата е многу важно прашање, како членка на НАТО мора да имаме силна одбрана, задоволни и мотивирани војници, велат од СДСМ.

Exit mobile version