Велешанец претепал сограѓанин и му го одзел телефонот


Ноќеска во 00.05 час во казино во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.Ш.(44) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од Т.Н.(51) од Велес, според која Г.Ш. дошол во неговиот дом и по кратка расправија физички го нападнал и му го одземал мобилниот телефон.

Покрај ова, при преглед кај Г.Ш. извршен од полициски службеници, била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

26.05.2024 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега