Стефковски: 3000 денари и признание за првенците на генерација во Гази Баба

 

Утрово во просториите на општина Гази Баба, градоначалникот Бобан Стефковски ги додели признанијата на учениците од општинските основни училишта кои беа прогласени за ученици на генерација.

Општина Гази Баба е единствената општина во Република Македонија која ја реализира оваа мерка.

За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Утрово имав средба со учениците од општинските основни училишта од општина Гази Баба кои се избрани за ученици на генерацијата 2014/2025, која оваа година го завршува основното образование.

Прогласени ученици на генерација се:

Мила Велковска - ООУ Наум Наумовски Борче;

Михаил Цветкоски - ООУ Григор Прличев;

Милан Стојчевски - ООУ Стив Наумов;

Александар Додевски - ООУ Кирил и Методиј;

Ангела Ѓорѓиевска - ООУ Наум Охридски;

Нух Авдиу - ООУ 25 Мај;

Милена Ивановска - ООУ Његош;

Бисера Дрндар - ООУ Крсте Мисирков;

Андреј Петровиќ - ООУ Крум Тошев;

Давид Арнаудов - ООУ Дане Крапчев;

Ева Митевска - ООУ Вера Јоциќ.

Општина Гази Баба е единствената општина во Република Македонија која на учениците кои се прогласени за ученик на генерација им доделува парична награда од 3000 денари и признание за постигнатиот успех.

Оваа активност се воведе со моето доаѓање за градоначалник на општина Гази Баба бидејќи наша должност е да го почитуваме и наградуваме успехот на најдобрите ученици, а со тоа да бидеме мотивација за сите останати.

Им честитам на учениците за постигнатиот успех и посакувам да продолжат да бидат успешни средношколци, а потоа и студенти! – напиша Стефковски.

17.06.2024 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега