Вечерва голем пожар кај Охрид

Шумски пожар попладневно избувна на сртот на планината Петрино, североисточно од Охрид, над селото Скребатно во насока кон селата Завој и Опеница.

Гори нискостеблеста шума, а пламените јазици можат да се видат од градот.

Екипи на Јавното претпријатие за стопанисување со шумите „Македонски шуми“ – подружница Охрид попладнето беа на терен, каде е констатирана состојбата, но поради настапувањето на ноќта и непристапниот не е интервенирано.

За справување со ситуацијата во раните утрински часови договорено е на лице место да излезат екипи со опрема за гасење на пожарот, а потоа ќе се знае дали има потреба од ангажирање и на екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид.

13.07.2021 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега