Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Важна вест за возачите – Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје

    Важна вест за возачите – Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје

    17.02.2026 во 09:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сојузот на синдикати на Македонија, денеска со почеток од 11 часот, ќе одржи протест пред Владата, на булеварите Илинден и Свети Климент Охридски, со барање минималната плата да се зглеми на 600 евра и на сите други плати за 100 евра.

    Поради одржувањето на протестот, доколку се појави потреба, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

    – Единицата за безбедност на патниот сообраќај од тие причини ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје, информираа од МВР.

    Од МВР апелираа сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

    Блокадата, како што појаснуваат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите не се договориле за зголемување на платите на работниците и затоа што минатата година Владата не го прифатила предлогот за субвенционирање на дел од придонесите. 

    Со по 21 човек, колку што налага Законот за јавни собири, ќе бидат блокирани влезовите на Владата која денеска треба да одржи редовна седница.

    – Последната блокада пред Владата е токму поради тоа што ги блокира работничките плати долг временски период за кој вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 9.250 денари или едно четиричлено семејство е посиромашно за 9.250 денари. Падна и последниот аргумент на владините претставници кои заедно со газдите го зборуваат континуирано овој период, а тоа е дека македонските работници не биле продуктивни. Македонските работници се премногу продуктивни за платите кои ги примаат или само 17 проценти од она што го создаваат како капитал на работодавачите се слева во платите на работниците или како пример 24.379 денари изнесува минималната плата месечно за еден работник, а 290.000 денари е продуктивноста која ја создава работникот за работодавачот, изјави вчера претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

    Доколку не наидат на разбирање, следи и генерален штрајк, кој според информациите, ќе биде 24-часовен. 

    Just In
    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, се гледа крајот на 30-годишната сообраќајна голгота

    06.10.2026 во 21:36

    Акција во Гази Баба: Започна обележувањето и освежувањето на пешачките премини за поголема безбедност во сообраќајот

    06.10.2026 во 21:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.