Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги известува граѓаните и фирмите дека од 1 јануари 2026 година, инспекциските служби веќе нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи. Оваа новина е во согласност со новиот Закон за инспекциски надзор.
За да биде разгледана, секоја пријава мора да биде уредно поднесена со целосни податоци за подносителот. Иницијативите може да се достават електронски преку веб-страницата на Агенцијата, на официјалните меил адреси или лично во подрачните единици на АХВ.
Во официјалното соопштение се прецизираат потребните податоци:
„Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење инспекциски надзор.“
Доколку пријавата е нецелосна, подносителот ќе има рок од 7 дена да ја дополни, во спротивно ќе се смета за повлечена.

