Close Menu
Press24
    Најново

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Василевска: Пресудите од Стразбур за македонското малцинство во Бугарија остануваат горливо прашање

    Василевска: Пресудите од Стразбур за македонското малцинство во Бугарија остануваат горливо прашање

    07.10.2026 во 21:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иванка Василевска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија, меѓу другото, зборуваше и за случувањата во Советот на Европа, како и дискусиите и укажувањата кои се однесуваат на барањата за почитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, од страна на источниот сосед.

    „Ние ја отвораме темата и дискутираме и укажуваме дека, дури и лани кога тие практично затворија едно поглавје во Советот на Европа, остана укажувањето дека мора да се внимава и на исполнување на обврските од Судот во Стразбур во однос на регистрацијата на ОМО „Илинден“-Пирин“, кажа Василевска и додаде:

    „Ние во јануари оваа година го затворивме пост-мониторингот ние сме повторно пред нив, во однос на исполнување на критериумите, а тие ќе треба до прва да го завршат овој процес и тоа мора да го направат“.

    За однесувањата и постапувањата околу барањата за почитување на пресудите на Стразбур, од страна на источниот сосед Василевска рече: „Како ќе постапат по тоа прашање ќе суди историјата. Тоа е навистина горливо прашање за Македонците коишто живеат во Бугарија. А Стразбур ќе суди правично, таму не може некој да биде фаворизиран само поради тоа што има повеќе пријатели од некој друг. Едноставно и ОМО „Илинден“-Пирин се под постојан мониторинг, и нашата мисија во Стразбур, како и сите релевантни фактори, во Советот на Европа ја следат внимателно работата“.

    На крајот, пратеничката Василевска посочи дека фокусот на владејачкото мнозинство и понатаму останува испораката во делот на Реформската агенда и завршување на домашните задачи.

    „Она што повеќе би сакала лично да го видам јас, и моите колеги од владејачкото мнозинство тоа е повеќе работа на планот на правото, правната држава, реформите во правосудниот систем, да видиме квалитетно високо образование, квалитетни институции, достапен здравствен систем за македонските граѓани, тоа се прашањата коишто ги интересира највеќе Европската Унија. И за да бидеме навистина дел од овој организам ние мораме тие домашни задачи да ги завршиме“, децидна е Василевска.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.