Валандово: Дедо со „Голф“ возел со двојно повеќе алкохол од дозволеното

 


Вчера кај место викано „Монопол“ во Валандово, полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода Т.П.(71) од с.Пирава, валандовско.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,64 промили алкохол во крвта.

Тој е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

26.05.2025 - 13:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега