Вакцините „Спутник“ пристигнува во Црна Гора- најпрво ќе пристигнат 5000 дози од предвидените 50.000

Првите 5.000 дози на вакцините Спутник V, од нарачаните 50.000, ќе пристигнат во Црна Гора оваа недела, изјави денеска член на преговарачкиот тим за набавка на вакцини од Русија, Сергеј Болевиќ.

Тој објаснува дека работат на втората доза која пристигнува по 21 ден, за да не се загрози процесот на вакцинирање, и забележува дека вакцината се чека подолго само за прв пат, и дека подоцна сè оди поорганизирано.

„Првиот контингент е 50.000 дози, тој сепак ќе биде сигурен, преговорите за повеќе ќе започнат сега. Но, сакам да напоменам дека Русија е подготвена да и даде на Црна Гора онолку вакцини колку што и требаат ...“, рече Боjлевиќ

Се очекува да пристигнат околу 30.000 кинески вакцини „Синофарм“, како и одредена количина вакцина „Фајзер“.

Преку програмата Ковакс во март се очекува да пристигнат помеѓу 21.000 и 29.000 вакцини АстраЗенека.

Денес се пријавени седум смртни случаи и 400 нови инфекции во Црна Гора, од 1.682 тестирани примероци. Во моментов има 8.233 активни случаи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега