Ужас во Штип: 14-годишно и 13-годишно дете живеат во вонбрачна заедница

 


Двајца малолетници на возраст од 14 и 13 години од Штип живеат во вонбрачна заедница. За случајот потврдуваат и од основното училиште и од Општина Штип. Ерол Адемов референт за заедниците во Општина Штип вели дека со родителите на малолетниците е извршен разговор. Забележува дека во последните години ваквите случаи се реткост.

-Разговаравме  со родителите и од двете страни. Децата ќе продолжат со нивното образование, вели Адемов.

Тој посочува дека согласно Кривичниот законик,  детските бракови се забранети и брачната заедница не може да се официјализира доколку немаат 16 години. Со донесувањето на законските измени, брак може да се склучи само  доколку и двајцата партнери се минимум 16 години и имат согласност од родителите. Адемов истакна дека ова придонесува за намалување на бројот на малолетнички бракови во последните неколку години.

-Значително е намален овој број. Имаме издвоени случаи каде што имаме склучување на малолетнички бракови. Но, тоа најчесто ни се случува каде што овие лица иако се на малолетна возраст веќе имаат и деца, вели Адемов.

Според податоците на Државниот завод за статистика лани биле склучени 112 бракови, меѓу брачни другари кои не наполниле 20 години. 

28.09.2024 - 14:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа