Ужас во Париз: Тригодишно девојче пронајдено мртво во машина за перење алишта

 

 

Француските власти ја истражуваат смртта на тригодишно девојче кое било пронајдено во машина за перење алишта во семејниот стан, соопшти обвинителството. Трагедијата се случила синоќа.

Детето веќе било во критична состојба кога го извлекле од машината, пишува францускиот весник „Парисиен“. Лекарите се бореле за нејзиниот живот, но девојчето починало нешто по полноќ.

Таткото (48) и уште еден член од семејството ја нашле два часа претходно во машината за перење.

Според извештаите, таткото, мајката и уште едно дете вечерале, кога во еден момент забележале дека девојчето го нема, по што панично почнале да ја бараат. Го пребарале целиот стан и пред него, па дури и побарале помош од соседите. Потоа ја нашле во машината.

Очајниот татко рекол дека вратата од машината била затворена кога открил дека неговата ќерка е заглавена внатре.

Малото девојче минатата недела наполнило три години.

 
13.01.2023 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега