Ужас: 30-годишна велешанка фрлила врела вода врз помладата сестра
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, во саботата во 13:40 часот ја лишиле од слобода 30 годишната Ф.А затоа што и фрлила врела вода на шест години помладата сестра. Тоа се случило по меѓусебно недоразбирање помеѓу сестрите.
Лицето Ф.А била приведена во Полициска станица. Известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот против Ф.А ќе биде поднесен соодветен поднесо, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
24.02.2025 - 14:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа