Најниски температури под нулата се измерени ширум земјава ова утро, а најстудено беше во Берово каде се регистрирани -6 степени. Според податоците на УХМР, температури под нулата се измерени и во Крива Паланка (-4), како и во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп и Маврово каде термометарот покажа -3 степени.
На планините висината на снежната покривка и понатаму е значителна, па така најмногу снег има на Попова Шапка, вкупно 86 сантиметри.
Времето во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб југоисточен ветер. Максималните температури ќе се движат од 10 до 16 степени. Во Скопје се очекува сончево време со температура до 14 степени.

